Навремен и безбеден медицински транспорт до здравствени установи

Здравствените и социјални сервиси се едни од значајните сегменти на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Со  нивното доближување до граѓаните во нашата држава, Црвениот крст се стреми кон трансформација на начинот на нудење и проширување за можностите на истите, преку воспоставување на социјални самоодржливи модели.

Со поставувањето на сервисот – Итно копче во градот Скопје, наменет за постарата популација за давање одговор во домашни услови при итни случаеви, како и планирањето за создавање на Социјално-медицински центри во Скопје и Дојран,  Црвениот крст има за цел да го развие и приближи инклузивниот и интегриран пристап на долгорочна нега и поддршка на населението во нашата држава.

Како една од иновативните можности за Националното друштво претставува обезбедувањето и нудење на услугата за медицински транспорт со медицинско возило, кое што ќе служи за потребите на постарите лица-корисници на сервисите и услугите на Црвениот крст. Со помош на медицинскиот транспорт навремено ќе се реагира да се пристигне до соодветните здравствени установи за да се избегнат потенцијални ризици. Медицинското возило, е предвидено во иднина да има можност да ги пресретне и потребите на пошироката заедница во нашиот главен град, обезбедувајќи транспорт до потребните медицински институции и на лицата на кои им е најпотребно.

За таа промена да биде возможна, Црвениот крст Република Северна Македонија   ќе обезбеди  возило за медицински транспорт.

 

Online донации – наскоро

top