Менаџирање со катастрофи на локално ниво

Подготвеноста и одговорот при катастрофи, претставува една од главните функции на Националното друштво на Црвен крст на РСМ и Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје кои се регулирани со Законот за заштита и спасување и Законот за Црвен крст. Катастрофите што се случија во изминатиот период, од направените анализи и согласно препораките, наложија воспоставување на модули за тренинг за лицата кои се ангажираат во подготвеноста и одговорот во случај на катастрофи како и надградба на капацитетите.

Модулите за менанџмент со катастрофи со кои располага ЦКРСМ се наменети за обука на волонтери и вработени во ООЦК/ЦКГС и ЦКРСМ а се согласно Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Материјалите овозможуваат добивање на сеопфатно знаење и разбирање во менаџирањето со катастрофи, како и постапките и чекорите кои треба да се превзема за подготвеност и одговор во случај на катастрофи, а се во согласност со постоечките законски регулативи.

Со оглед на горенаведените потреби, Црвениот крст на РСМ ќе организира 8 тродневни работилници наменети за по 32 Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје. Учесници на работилниците би биле волонтери и вработени лица од ООЦК/ЦКГС.

Работилниците ќе бидат организирани со цел  да им се објаснат чекорите кои треба да се превземат за ефикасна подготвеност и одговор во случај на катастрофи и истите ќе ќе стекнат со општи знаења и вештини за справување со катастрофите, со акцент на специфичните катастрофи кои се однесуваат на територијалниот опфат во нивната надлежност. Исто така, за време на работилниците ќе се презентираат и чекори за проценители за можни ризици од катастрофа, за подготовка на план за одговор, подготовка на план за евакуација, комуникација и координација помеѓу субјектите, мониторинг и евалуација, комуникација во кризни состојби, проценка на хуманитарни потреби, евакуација, чекори за сместување итн.

Работилниците ќе ги зајакнат и надградат капацитетите на Црвен крст за подготвеност и одговор при катастрофи.

Online донации – наскоро

top