Поголема конкурентност на пазарот на труд

Лицата со ниско ниво на образование или без квалификации, припаѓаат на најголемата група на невработени лица во земјата. Долгорочната невработеност придонесува за губење на вештините на невработените лица и зголемена социјална исклученост. Особено долгорочните невработени неквалификувани жени воопшто не се конкурентни на пазарот на трудот и практично им е оневозможено да најдат вработување. Нивниот потенцијал и можноста за интеграција на пазарот на труд, ќе се зголеми со подобрување на нивните квалификации и вештини. Подобрувањето на професионалното знаење и вештини понатаму ќе биде значаен фактор за намалување на сиромаштијата, особено кај жените со ниско ниво на образование, кои често се изложени на ризик од сиромаштија и зависат од неформалната економија. Исто така соочени со предизвиците се и самохраните мајки, и особено во сегашната актуелна состојба во земјата со ризици од пандемијата се соочија голем број граѓани со губење на работното место, што ја зголемува нивната ранливост. Многу од нив би ценеле добивање на сертификат за соодветна квалификација  – државно признаен, кој се стекнува преку верификувана програма за обука, што би ги зголемиле нивните шанси на официјалниот пазар на трудот. Со работа и обезбеден приход, економски ќе ги зајакнат своите семејства.

Црвениот крст на РСМ како верификувана организација  за оваа цел, ќе обучи 30 негувателки кои  во две групи за обука, секоја во период од  по три месеци, ќе се стекнат со соодветни вештини и знаења. Во текот на обуката, на лицата ќе им биде обезбедена и финансиска помош за храна, средства за хигиена и дезинфекција. Со стекнат сертификат според верификувана програма за обука,  жените ќе имаат можност да бидат работно ангажирани како негуватели за испорака на услуги за нега и помош на стари лица и лица со попреченост.

 

Online донации – наскоро

top